Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Сопругата на Michael J Fox изгледа неверојатно

Сопругата на Michael J Fox изгледа неверојатно

SHARE

Актерот Michael J Fox со сопругата Трејси ужива во топлото море на карипскиот Ст. Барт.

И покрај тоа што тој има 51 година, и понатаму изгледа како момче. Овој изглед ја обележа и неговата кариера затоа што стана препознатлив токму по својот изглед на мало момче.

Мајкл кариерата ја започна во 1985 година со трилогијата „Враќање во иднината“, СФ комедија поради која можеме слободно да го наречеме „патник низ времето“.

Актерот се капел и уживал во карипското море во друштво на 52 годишната сопруга со која е во брак 24 години.

Нивните деца – Сем (23), близнаците Акина и Шајлер (18) и Есме (11) не биле со нив, а по се изгледа дека дошоле на одмор сами.

Мајкл, на кого во 1991 му беше дијагностицирана Паркинсова болест, немал главна улога уште од серијата „Spin City“ во 2001 година.

Американскиот канал NBC му понудил улога во комедијата за поранешен водител на локална телевизиска станица во Њујорк кој се враќа на работа откако му е дијагностициран паркинс.

Оваа комедија ќе почне да се прикажува од есен.

Изгледа дека актерот одлучил малку да се одмори пред да продолжи со снимањето на нови епизоди.

РЕКЛАМИ:
Loading...