Home ЗАБАВА Секојдневие Совети за животот од „најгрдата жена“ (видео)

Совети за животот од „најгрдата жена“ (видео)

SHARE

Лизи Веласкес, за која неодамна пишувавме и ја пренесовме нејзината животна приказна, пати од ретка болест која ја имаат само тројца во светот.

Поради таа причина, таа мора да јаде дури 60 мали оброци на ден, иако не успева да се здебели.

Поради својата болест нема нималку масно ткиво, со години слуша и гледа како ја нарекуваат „најгрдата жена на светот“, а сега, на 23 години, изјавила дека конечно е во состојба само да мафне со раката на грдите коментари за кои смета дека се „само зборови“.

Лизи е родена во Остин во САД и тежи само 25 килограми, а сега напиша и втора книга за својата битка за животот и се надева дека ќе им помогне на другите кои се наоѓаат во слична ситуација.

Во видеото насловено „Be Beautiful, Be You“ таа дели совети за тоа како е да се биде посебен, како да пронајдете и задржете добри пријатели и како да се носите со малтретирањето и негативноста.

Запрашана, во едно неодамнешно интервју како и е кога луѓето постојано гледаат во неа, таа изјавила:

„Сакам да им пријдам на тие луѓе и да им дадам хартија на која пишува: Еј, јас сум Лизи, можеби би требало да престанеш да гледаш и да почнеш да учиш“.

РЕКЛАМИ:
Loading...