Home LIFE STYLE Мода и Убавина Математичка формула го пресмета совршеното лице

Математичка формула го пресмета совршеното лице

SHARE

Славните убавици на чии црти се воодушевуваме, научниците не ги прифаќаат како совршени.

Според математички пресметаните мерки совршеното лице го има 18 годишната Florence Colgate која ја однесе титулата најубава на едно натпреварување во Велика Британија.

[pullquote_right]Соодносот помеѓу устата, очите, брадата и носот е максимално оптимален. Тоа значи дека лицето и е потполно совршено.[/pullquote_right]

 

 

Девојката која изобилува со природна убавина и научниците ја потврдуваат. Наводно, нејзините црти на лицето математички земени, се и совршени.

Според математичката формула растојанието помеѓу очите треба да биде 46% од ширината на целото лице.

Colgate има сооднос од 44% , што значи дека е скоро совршена.

Но, убавината не ја дефинира само соодносот и растојанието на очите во однос на ширината на лицето.

Големите очи, широките јаболчници и полните усни се “класични знакови на убавина” кај 18 годишната Colgate, истакнува Carmen Lefèvre од универзитетот  St. Andrews.

РЕКЛАМИ: ---