
| Getting your Trinity Audio player ready... |
НАСА објави први фотографии од мисијата „Артемис II“, кои прикажуваат редок поглед на Земјата зад Месечината и драматично затемнување на Сонцето. Сликите се направени за време на прелетувањето покрај Месечината, во момент кога екипажот бил без комуникација со Земјата. Фотките веќе привлекоа внимание исто како и претходните фотки додека леталото патуваше кон нашиот природен сателит.
Hello, Moon. It’s great to be back.
Here’s a taste of what the Artemis II astronauts photographed during their flight around the Moon. Check out more photos from the mission: https://t.co/rzM1P0QbOl pic.twitter.com/6jWINHkDLh
— NASA (@NASA) April 7, 2026
Првата фотографија го прикажува т.н. заоѓање на Земјата. Астронаутите ја гледаат планетата како се појавува зад лунарниот пејзаж.
Кратерите и сенките создаваат драматичен контраст со сината планета. Сцената од „заоѓањето“ потсетува на легендарната фотографија од мисијата „Аполо 8“ направена од Бил Андерс. Фотката на Сандерс, пак, е крстена „изгревање на Земјата“.
НАСА објави и линк до сите 22 фотки достапни од мисијата „Артемис“.
Сонцето исчезнува зад Месечината
Втората фотографија прикажува целосно затемнување на Сонцето. Короната се гледа како светол ореол околу темниот диск на Месечината.
Астронаутите го следеле овој феномен речиси 54 минути.
Тоа е значително подолго отколку што може да се види од Земјата.
„Ова е нереално“
– Ова продолжува да биде нереално. Сонцето отиде зад Месечината и короната е сè уште видлива – изјави пилотот Виктор Гловер.
Тој додава:
– Земјата е толку светла, а Месечината едноставно виси пред нас.
Фотографиите се направени за време на шестчасовен прелет. Екипажот поминал 40 минути без радио врска со Земјата.
Во тој период биле зад темната страна на Месечината.
Мисија што сруши неколку рекорди
Оваа мисија ќе се памети по неколку рекорди. Пилотот Виктор Гловер стана првиот Афроамериканец, Кристина Кох првата жена, Џереми Хансен првиот неамериканец и Канаѓанец, а Рид Вајсман најстарата личност што патувала надвор од ниската Земјина орбита.
Самата патека на мисијата постави повеќе рекорди: растојанието од Земјата достигна 406.780 километри, оддалеченоста од далечната страна на Месечината изнесуваше околу 7.600 километри, а брзината на повторното влегување во атмосферата на Земјата ќе биде околу 40.000 км/ч.






