Home ЗАБАВА Занимливости Спречете ја појавата на стрии во бременоста

Спречете ја појавата на стрии во бременоста

SHARE

Дури 70 проценти од жените во текот на бременоста поради трансформацијата на телото, ширењето на коските и растот на плодот, добиваат стрии.

Стриите се појавуваат во втората половина од бременоста, а најчесто се јавуваат на стомакот, задникот, колковите, бутините и градите, како црвени линии.

Иако самото напукнување на кожата не е болно, стриите можат да предизвикаат иритација и непријатно чешање.

Иако постои теорија дека генетиката го одредува квалитетот на кожата и врзивното ткиво и дека на појавата на стрии влијае наследниот фактор на еластичност на кожата, постојат и мерки за превенција, кои секоја бремена жена треба да ги преземе за да го спречи настанувањето на стрии во бременоста или барем да го ублажи интензитетот на нивната појава.

Бремена жена

Потребно е повеќе пати во денот од најраната бременост да се нанесуваат хранливи креми, мелеми и масла на критичните подрачја, со цел да се одржува еластичноста на кожата. Тајната за спречување на појавата на стрии во бременоста е во тоа кожата да остане еластична и влажна.

За регенерација на кожата можат да помогнат маслото од роза и камилицата, какао путерот, маслиновото масло, масло од кајсија од пченични никулци, како и млеко кое содржи овошна киселина

Кожата треба да се масира со ракавица или сунѓер за масажа за да се зајакне циркулацијата.

Бремена жена

Потребно е да се јаде храна богата со белковини, витамини Е и Ц и цинк. Витаминот Е е присутен во маслиновото и сончогледовото масло, но и во маслото од пченични никулци, како и во морковот, доматот, пченката, овесот. Исто така потребно е во организамот да се внесуваат многу вода и течности.

Потребно е да се избегнува во добивање на тежината, со цел кожата да има доволно време да се прилагоди на новиот облик на телото и да ја задржи својата еластичност.

Доколку сте бремени или доите, секогаш носете градник при секоја физичка активност. Доколку не го правите тоа, го оштетувате сврзното ткиво на градите, така што со развојот на стриите доаѓа и до опуштање на градите.

Бремена жена

РЕКЛАМИ:
Loading...