Home INFO Србин заработи казна од 20.000 евра – Нема веќе фотографирање со папагали...

Србин заработи казна од 20.000 евра – Нема веќе фотографирање со папагали во Пефкохори

реклама:G Natural

Им ги отсекол пердувите на папагалите, па наплаќал по 10 евра за фотографија со нив – Србин заработил огромна казна во Пефкохори во Грција, заради злоупотреба на животни.

Корисниците на социјалните мрежи, пак, тврдат дека казната е превисока.

Засега не се именува идентитетот на Србинот, но тој се товари дека извршил злоупотреба на животни и му била изречена казна од вртоглави 20.000 евра.

На Инстаграм профилот Nikana.gr е објавено кратко видео на кое се гледа неименуваниот Србин и двата папагали, кои беа главна атракција за дечињата и туристите.

Тој секоја вечер бил присутен на шеталиштето во познатото туристичко место и наплаќал по 10 евра за фотографија со двата папагали.

Но, како што информираат грчките власти, по добиена поплака од загрижени туристи, екипите за заштита на животните утврдиле дека на двете птици им се отсечени пердувите на крилјата за да не можат да одлетаат.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------