Home ЗАБАВА Tv + Reality Сред вести прикажаа и порнич (видео)

Сред вести прикажаа и порнич (видео)

SHARE

Гледачите со нешто поостар вид вчера наутро на шведскиот информативен канал TV 4 можеле да забележат вистинска „акција“ на еден од малите екрани сместени во редакцијата зад водителката.

На шведскиот информативен канал сред вести во живо се случил голем гаф. На еден од телевизиските екрани зад водителката започнал да се прикажува „hard core“ порнографски филм.

Додуше, текот на „акцијата“ можеле да ја забележат само оние со „соколово око“, со оглед на тоа што кадарот бил благо заматен.

Еден од оние кои сфатил за што се работи е 23-годишниот Danyal Ek, кој со мобилен снимил дел од емисијата и видеото го објавил на YouTube.

„Прво ја забележав голата жена, а потоа сфатив дека се работи за секс“, раскажал тој за The Local.

Вели дека глетката го изненадила, но не го вознемирила.

„Имав две теории – или некој во телевизијата добил отказ и го подметнал порното, или некој сериозно ја зезнал работата“, додал тој.

Главниот уредник на TV 4, Andreas Haglind потврдил дека порничот навистина бил емитуван, но се оправдал дека некој од вработените го гледал на работното место.

„Не е дека на гледачите директно им емитувавме порнографија“, изјавил тој.

Веројатно, според него, дошло до грешка на компјутерските сервери поврзани со телевизорите, па програмата случајно се префрлила на еден од порно каналите во сопственот на фирмата која во своето портфолио го има и каналот TV 4.

„Едноставно се случи, ќе направиме се вакво нешто да не се случи повторно“, додал тој.

РЕКЛАМИ:
Loading...