Home ЗАБАВА Tv + Reality Станија и Александра ја исценирале тепачката?!

Станија и Александра ја исценирале тепачката?!

SHARE

Плејбој зајачицата Александра Накова сакала по секоја цена да си оди од „Survivor“, па со Станија ја исценирала тепачката за да ја испратат дома продуцентите на реалното шоу.

Меѓутоа, и српската старлета била приморана да се спакува и да оди од Костарика.

 

– Ние тоа го смисливме за да бидам исфрлена, но поради мене беше исфрлена и Станија. Знаев по договорот дека единствен начин да излезам од реалното шоу е доколку на некој му нанесам физичка повреда. Уште вториот ден молев да ме исфрлат, размислував да скршам нога за да ме исфрлат… Тогаш ми текна да се степам со некој, изјавила Акександра, нашата плејбој зајачица за српски „Блиц“.

[pullquote_left]Накова сакала по секоја цена да си оди од „Survivor“, па со Станија ја исценирала тепачката за да ја испратат дома [/pullquote_left]

Таа додала дека логичен избор бил српската старлета затоа што со неа најдобро се согласувала:

– Таа ми беше како сестра. И реков да ме навреди и дека наводно поради тоа ќе се скараме. После тоа ќе ја удрам, па така ќе ме исфрлат затоа што неможев веќе да издржам. Бевме многу блиски и таа се согласи за жал, па затоа и неа ја исфрлија. Тоа не го очекувавме и многу ми е жал поради тоа затоа што Станија сакаше да остане до крај за да се бори, објаснила Накова.

Станија вели дека таа била најголемата жртва на овогодинешниот Survivor
Станија вели дека таа била најголемата жртва на годинешниот Survivor

Иако Александра вели дека Станија не и замерила и дека дури планираат да почнат да живеат заедно во Белград, српската старлета вели дека таа била најголемата жртва на овогодинешниот Survivor.

– Неправедно сум дисквалификувана. Александра прва се нафрли на мене и ја исфрлија, но никој не очекуваше дека утредента ќе дојдат по мене и ќе ме дисквалификуваат. Сепак, тоа е направено за мое добро и фала што продукцијата ме отстрани од оној пекол, изјавила Станија, која од Америка во Србија се враќа следната недела.

Инаку, вечерашната епизода ќе го донесе и второто очекувано обединување.

РЕКЛАМИ:
Loading...