Home LIFE STYLE Мода и Убавина 30 работи кои секоја жена треба да ги има и знае до...

30 работи кои секоја жена треба да ги има и знае до 30 години

SHARE

Списанието „Гламур“ во 1997 година објави текст со 30 работи кои секоја жена треба да ги има и да ги знае до 30 години.

Списокот стана толку популарен, па овие денови е објавена и книга.

Пред 15 години Памела Педмонд Сатран состави список кој стана ултра популарен помеѓу жените во светот кои си го испраќаа по пат на интернет. Неколку пати погрешно е препишан на неколку славни личности, како Маја Ангелоу и Хилари Клинтон.

Денеска од овој феномен се создаде и книга. Секоја од ставките е употребена во есеј од некоја славна личност.

Хафингтон Пост повторно го објави фамозниот список за сите оние кој можеби го немаат прочитано.

До 30 треба да имате:
1. Еден поранешен дечко со кој би сакале повторно да пробате и еден екс кој би сакале да е подалеку од вас.
2. Пристојно, ново парче мебел кое претходно никој во вашето семејство го немал.
3. Совршено парче облека доколку вашиот шеф или човекот од соништата сака да ве види за еден час.
4. Ташна, куфер и чадор кој ви е непријатно да го носите во јавност.
5. Младост која сакате да ја оставите зад себе.
6. Доволно сочно минато кое едвај чекате да го прераскажувате кога ќе остарите.
7. Соочете се со тоа дека стареете и заштедете некој денар со кој ќе се финансирате.
8. Маил адресата, говорната пошта, банкарската сметка – до кој никој неможе да пристапи освен вие.
9. Работна биографија која не треба многу да се „дотерува“.
10. Една пријателка која секогаш ве смее и една која ве остава да плачете.
11. Сет штрафцигери, дупчалки и црн чипкан прслук.
12. Нешто апсурдно скапо што сте си го купиле само затоа што вие тоа го заслужувате.
13. Верувајте дека вие тоа го заслужувате.
14. Нега на кожата, вежбање и план за решавање на останатите аспекти од животот кој не стануваат подобри по 30-тата.
15. Цврст почеток на задоволувачка кариера, врска и сите оние останати аспекти во животот да станат подобри.

 
До 30 треба да знаете:
1. Како да се заљубите и останете своја.
2. Дали сакате деца?
3. Како да дадете отказ, раскинете со дечко и да и се спротиставите на вашата пријателка без уништување на пријателството.
4. Кога да продолжите да се трудите, а кога да заминете.
5. Како да се бакнувате на начин кој совршено одговара на она што сакате, а што не сакате следно да се случи.
6. Имињата на премиерот, својата прабаба и најдобриот кројач во градот.
7. Како да живеете сами дури и ако тоа не ви се допаѓа.
8. Каде да отидете кога сте нервозни – без разлика дали станува збор за кујната на најдобрата пријателка или курс за јога.
9. Дека неможете да ја промените должината на вашите нозе, ширината на колковите или природата на вашите родители.
10. Дека вашето детство можеби не било совршено, но е завршено.
11. Што би и не би направиле за пари.
12. Никој долгорочно неможе да се извлече од пушење, пиење или конзумирање дрога.
13. На кого можете да верувате, кому не можете и зошто тоа да не го сфаќате премногу лично.
14. Не се извинувајте за нешто што не е ваша грешка.
15. Затоа се вели дека животот почнува по 30-тата.

РЕКЛАМИ: ---