Home INFO Стотици илјади евра се во прашање: Цеца го тужи директорот на Гранд

Стотици илјади евра се во прашање: Цеца го тужи директорот на Гранд

реклама:G Natural

Започна новата сезона од музичкото шоу Ѕвездите на Гранд, а во него дебитираше Цеца Ражњатовиќ, како дел од жири комисијата.

Цеца дојде на местото на Јелена Карлеуша со која со години е во лоши односи.

Но фолк дивата не е скарана само со Карлеуша. Таа води судски спор и со Александар Милиќ Мили, директорот на Гранд продукција.

Во првата емисија од новата сезона на Ѕвездите на Гранд, пејачката откри дека со Мили водат судски спор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

Според извори на Телеграф.рс, недоразбирањето помеѓу нив настанало кога  сфатила дека Мили е запишан како автор на фонограмите на сите албуми кои ги работеле заедно.

– Проблемот е во тоа што оној кој е сопственик на фонограмите има право на монетаризација  апсолутно од сите платформи. Во превод да наплати и да профитира. Во моментот кога работеа заедно, тоа не беше договорено. Тој изјавуваше дека сите песни кои ги работел за Цеца се нејзини во целост, со оглед на тоа дека му беше платено за работата во целост. Мили беше платен онолку колку што и побара на Цеца која сама го финансираше својот албум. Но без нејзина согласност, тој се упиша себеси како сопственик на фонограмите. – објаснил добро упатен извор на Телеграф.рс.

Цеца на суд барала да се промени сопственикот, односно наместо Мили да стои нејзиното име. Но Мили за ова бара паричен надомест. Наводно станува збор за неколку стотини илјади евра. Се додека фонограмите се на негово име, Цеца од него би требало да бара согласност и дозвола за секое изведување на песните кои ги работела со него. Значи овде се во прашање сите концерти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“