Home LIFE STYLE Здравје Стресот, разочарувањето и тагата можат буквално да го скршат женското срце

Стресот, разочарувањето и тагата можат буквално да го скршат женското срце

SHARE

Кај жените протокот на крвта низ срцето е ист во нормални околности и во стресна ситуација.

Тоа е знак дека тие лошо се прилагодуваат на стрес и зголемен ризик од срцев удар.

Жените стресот го доживуваат на поинаков начин од мажите, па поради тоа се и склони на срцеви удари за време на интензивно тагување, открила студијата на американскиот медицински колеџ Penn State.

Научниците утврдиле дека циркулацијата на крвта низ срцето е зголемена кај мажите, но кај жените останува иста каква била и пред стресот, пренесува Дејли Меил.

[pullquote_right]Луѓето би требало да го редуцираат стресот во секојдневниот живот, без оглед на кој пол му припаѓаат, затоа што стресот е еден од клучните предизвикувачи на сите видови на болести.[/pullquote_right]

Кај мажите и жените за време на стрес се зголемува бројот на отчукувањето на срцето и крвниот притисок, но вкупниот проток на крв низ срцето е поголем кај мажите, со што се покажува нивното прилагодување на стресни ситуации, објаснуваат научниците.

– Женското срце потешко го поднесува стресот, па тие треба особено да внимаваат во тешките животни ситуации, затоа што интензивното тагување и депресијата го загрозуваат нивното здравје и живот, заклучил водителот на оваа студија, др. Честер Реј.

Потребни се понатамошни истражувања кои ќе го објаснат механизмот одговорен за слабото функционирање на срцето кај жените и физичкото лошо поднесување на стресот, додал др. Реј.

РЕКЛАМИ:
Loading...