Home INFO Студент патува со авион до факултет затоа што му е поскапо да...

Студент патува со авион до факултет затоа што му е поскапо да плаќа кирија за стан

реклама:Велигден со Стаф

Канадски студент пронашол генијално решение како да не троши пари за кирија.

Тим Чен, кој студира на Универзитетот во Британска Колумбија, вели дека лета до факултетот двапати неделно, од Калгари до Ванкувер, за да избегне да плаќа месечна кирија во најнаселениот град во Британска Колумбија.

Тим троши 150 долари за летот, што е околу 1.200 долари месечно. За споредба, стан со една спална соба во Вакнувер би го чинел околу 2.100 долари за кирија.

– Си помислив: „Зошто да не останам во Калгари и само да летам до факултет? Тоа е лет од еден час. Исто како да се возиш со автобус – вели тој.

Тим вели дека живеел под кирија во Ванкувер со години, но одлучил да се пресели по покачувањето на цените. Затоа, летањето 643 километри за него била поприфатлива алтернатива. Тим, кој наскоро ќе дипломира, вели дека го користи своето време во авионот за да учи за испит.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------