Home INFO Судот одлучи: Северина е виновна!!!

Судот одлучи: Северина е виновна!!!

реклама:G Natural

Хрватската пејачка Северина важи за конфликтна личност, па честопати медиумите пишуваат за недоразбирањата кои ги има со одредени личности, вклучувајки ја и сопствената сестра.

Денес судот во Загреб ја прогласи за виновна за навреда на социјални работници. Казнета е парично, а хрватските медиуми пишуваат дека таа ќе се жали на пресудата.

Северина е осудена бидејки навредувала социјален работник откако Центарот за социјални работи се вклучил во нејзината кавга со нејзината сестра Маријана која живее во Белград.

Во обвинението се наведува дека Северина минатата година во февруари го навредувала социјалниот работник во Центарот за социјални работи Максимир, по што центарот поднел пријава за навреда и омаловажување службено лице и нарушување на јавниот ред и мир.

Според пријавата, пејачката се јавила во Центарот за социјални работи и „вербално и агресивно се однесувала кон социјалниот работник во предметот“. Таа наводно „не ги бирала зборовите“ во повикот.

Понатаму, пејачката наводно ја прашала социјалната работничка „со кое право на нејзината адреса и испратила друг социјален работник да ја посети нејзината мајка, а социјалната работничка се обидела да и објасни дека Центарот мора да постапува по секоја пријава на осомничено насилство поднесено до нив од член на нејзиното семејство. Социјалната работничка сведочела на суд.

„Меѓутоа, неа не ја интересираше што има да се каже, туку продолжи: Да ви е**м мајка на сите, ова е зае**но, ме зае**вате веќе девет години и сега е доста“, навела работничката во судот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------