Home ЗАБАВА Занимливости Овој викенд на небото ќе сјае „Супер Месечина“

Овој викенд на небото ќе сјае „Супер Месечина“

SHARE

Полна Месечина ќе сјае на небото во сабота, 5-ти мај, и тоа ќе биде најголема полна Месечина во 2012 година.

Оваа “Супер Месечина“’ ќе се наоѓа на оддалеченост од 356.955 километри од нашата планета и ќе биде за 16 отсто посветла од просекот.

Последната “Супер Месечина“ последен пат можевме да ја видиме не толку одамна, односно на 19-ти март, минатата година.

Перигејот на Месечината, кога се наоѓа најблизу до Земјата, се поклопува со полната Месечина на 5-ти мај, па тоа истовремено ќе биде и момент кога некое небеско тело ќе биде најблизу до Земјата.

Оддалеченоста на Месечината и Земјата варира за околу три отсто, што се случува затоа што Месечевата орбита не претставува совршен круг.

За разлика од перигејот, на 28-ми ноември оваа година Месечината ќе биде на најоддалечената точка од Земјата, што се нарекува апогеј.

Научниците велат дека нема причини за паника.

На овој ден, секако, ќе дојде до пораст и намалување на плимата и осеката, оти Месечината ќе делува со сила на привлекување поголема за 42 отсто во однос на моментот кога се наоѓа на оддалечената положба.

Дали полната Месечина влијае на нашето здравје и расположение?

Самоубиства, сообраќајни несреќи, кавги, несоница, се само некои од последиците кои настануваат кога има полна Месечина, тврдат некои астролози.

Докторите, пак, велат дека полната Месечина влијае само на психички нестабилните лица кои нервозата и депресијата неретко ја оправдуваат со силите на небеските тела.

Наскоро ќе поминеме уште една ноќ со полна Месечина на небото па ќе можеме сами да пресудиме дали тоа влијае на нас или не.

Извор: Нетпрес

РЕКЛАМИ:
Loading...