Home ШОУ БИЗз Балкан Сузана Манчиќ го прослави 60-тиот роденден, а ова е нејзината роденденска желба

Сузана Манчиќ го прослави 60-тиот роденден, а ова е нејзината роденденска желба

SHARE

Српската водителка и најпознатата „лото девојка“ на овие простори ги пречека гостите на влезот во ресторанот и им порача: „Немам 60 години, туку 18 со 42 години искуство“

Сузана не ја криела радоста што на нејзината роденденска прослава, покрај партнерот и двете ќерки, дошло и момчето на ќерката Теодора, американски бизнисмен за кого наскоро ќе се мажи.

Манчиќ открила дека себеси за роденден си посакала, помеѓу останатото, и да стане баба.

„Би сакала и кога ќе славам 70-ти роденден сите овие мили луѓе да бидат со мене, како и денеска. Би сакала и да станам баба, ќе биде и тоа сигурно, но полека“, рекла Сузана.

Сузана Манчиќ

РЕКЛАМИ:
Loading...