Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Свадба за паметење во Струга – се ожени ракометарот Мојсовски

Свадба за паметење во Струга – се ожени ракометарот Мојсовски

SHARE

Над 700 гости беа дел од свадбената веселба на Наумче и Марија која се случи викендов во Струга, а пред ресторанот редица за честитање на младенците имаше скоро час и половина.

Чест на Мојсовски и Петровска им направија колегите на Наумче од репрезентацијата, голем број на роднини и пријатели. Ракометарот Ванчо Димовски ја имаше улогата на девер, а меѓу гостите беше и Андријана Будимир.

Во неделата, после свадбата, стружани коментираа дека не паметат ваква свадба во нивниот град, а за веселбата задолжени беа Наум, Зуица, Кеба и многу други.

Ексклузивно дознаваме дека желбата на Наумче е со Марија да имаат пет машки деца, а нашата желба е да бидат живи и здрави и успешни ракометари како тато, а на младенците им посакуваме долг и успешен брак.

Целиот прилог од Струга ќе го погледнете во вечерашново издание на Екстра Ексклузив во 18:45 часот.

Ване Маркоски

РЕКЛАМИ:
Loading...