Home ЗАБАВА Видео Свештеничка носи „Прада“

Свештеничка носи „Прада“

SHARE

Свештеничка од Англиската црква се фотографирала за едено локално списание  под наслов „Свештеничка носи прада“.

На фотографијата таа е облечена во кожна јакна „Fransis Leon“ која чини 600 евра, топ маица од „скромни“ 620 евра и кожни панталони кои чинат „само“ 1 300 евра.

Со оглед на нејзината мала свештеничка плата, таа скапите модни парчиња не ги поседува туку само ги позајмила за фотосесијата. Барем тоа било нејзиното оправдување.

„Мојата одлука да се сликам за модното списание  беше инспирана од одлуката на Генералниот одбор на Англиската црква, со која жените не може да станат бискупи. Како феминистка мислам дека жените не треба да останат покусо од ништо “ – изјавила Сели.

Самата вели дека се занимава со „теологија на модата“ –област која сама ја измислила и и дала име, и која проповеда  дека човекот подобро се чувствува одвнатре, доколку е задоволен од тоа како изгледа однадвор.

Сели Хичер е невообичаено свештено лице.

Таа наместо скромна облека како што и доликува, носи мини здолништа, високи потпетици, и ги обожава парчињата облека со потписот на Прада.

На својот Твитер профил се опишала себе си како „англиско свештено лице, верски советник и на пронаоѓач на необичното“.

Очигледно и самата припаѓа во необичното.

РЕКЛАМИ:
Loading...