Home ЗАБАВА Секојдневие Светско првенство во носење сопруги на грб (видео)

Светско првенство во носење сопруги на грб (видео)

SHARE

Во финското градче Сонкајарви овој викенд се одржа светското првенство во носење сопруги на грб.

Кристина Хапанен и Таисто Миетинен од Финска повторно беа прогласени за победници на ова необично натпреварување, додека второ место беше брачниот пар од Естонија, Алар Вогла и Кристи Вилтроп.

Ова првенство традиционално се одржува повеќе од 20 години, поточно од 1992-ра година.

Количината на наградите е право пропорционална со тежината на учесниците во натпреварот, а постојат неколку правила кои мора да се почитуваат пред самото натпреварување.

Паровите треба да поминат патека од 253.5 метри и да совладаат 3 пречки, од кои најтешка е базенот полн со вода. Минималната тежина на учесничките не смее да виде под 49 килограми.

Освен победник на натпреварот, награди добива и најинтересниот пар, оној кој имал најинвентивен костим и најдобриот учесник.

Учеството на ова светско првенство чини 50 евра.

РЕКЛАМИ:
Loading...