Home ЗАБАВА Занимливости Свирел гитара додека му го оперирале мозокот

Свирел гитара додека му го оперирале мозокот

SHARE

Хирурзите во една американска болница оперирале пациент, а тој за тоа време свирел гитара.

Снимкуте и фотографиите од операцијата се објавени на Твитер профилт на болницата.

За време на операцијата пациентот бил буден и во неколку наврати зборувал со камерата, а снимките се објавени на официјалниот профил на болницата „Ronda Reagan Medical center“.

Ваква операција во болницата во Лос Анџелес извршиле вкупно 500 пати, а јубилејот го прославија оперирајќи го актерот Бред Картер.

На актерот во 2006 година му билo дијагностициранo невролошко пореметување поради кое имал „потреси“, рацете му се треселе, па поради тоа не можел да свири гитара.

Главниот хирург Надер Пуратиан вели дека се работело за рутинска операција и дека пациентот сам барал да биде буден и за тоа време да свири гитара.

„Мислев дека тоа е голема можност да поделиме такво случување со светот“, рекол тој.

Во мозокот на бред е вграден пејсмејкер кој испраќа електронски импулси и така го спречува грч.

РЕКЛАМИ: ---