Home INFO Тајната на нејзината убавина: Зошто Џенифер Анистон се буди во 04:30?

Тајната на нејзината убавина: Зошто Џенифер Анистон се буди во 04:30?

SHARE

Џенифер Анистон е актерка за која годините ништо не значат, напротив како тие изминуваат таа изгледа се пдообро и подобро.

Иако е во 5-тата деценија од животот, Џен изгледа фантастично, а во едно интервју ги откри своите утрински навики со кои се одржува во форма.

„Ако работам, станувам во 04:30 часот наутро. Ако немам никакви работни обврски, тогаш сум на нозе помеѓу осум и девет часот наутро, бидејќи сакам подолго да останам будна. Веднаш после будењето, пијам чаша топла вода со парче лимон“, изјави актерката за магазинот „Well and Good“.

Потоа следува миење на лицето само со сапун и вода.

„Медитирам околу 20 минути, понекогаш и 10. Ја повторувам мантрата за трансцендентална медитација која веќе ја знам напамет“ – додала таа.

Следната точка на листата е појадокот, но нејзиниот појадок значително се разликува од поголемиот дел луѓе.

Џенифер наутро пие посебен пијалак од банана, боровница, смрзнати вишни, стевија, зеленчук и малку какао.

Ако веќе нема време за подготовка на овој „волшебен“ оброк, јаде јајца и тост. Секогаш јаде малку авокадо.

После појадокот следи и првиот тренинг.

„Имам личен тренер и првиот тренинг се состои од возење велосипед половина час, на што му претходи 40-минутна јога“, додава Џенифер.

После ова на ред доаѓа одењето во теретана, каде што згодната актерка им се посветува на теговите и трчањето на лента.

Таа вели дека тајната на витката линија се крие во тоа да го збуните сопственото тело.

„Добро е да го забрзате темпото, а потоа да забавите, правете го ова наизменично и вашето тело ќе ви биде благодарно“, препорачува таа.

РЕКЛАМИ:
Loading...