Home INFO Тажнa судбина: Во опасна населба во Тел Авив, почина синот на Марина...

Тажнa судбина: Во опасна населба во Тел Авив, почина синот на Марина Туцаковиќ

реклама:G Natural

Јавноста од регионот ја потресе веста за смртта на Милан Лаќа Радуловиќ, синот на сега покојната Марина Туцаковиќ, текстописец чиј потпис стои на текстовите на најголемите хитови во регионот.

Лаќа починал во Израел, а неговото мртво тело два дена лежело на улица во зафрлениот дел на Тел Авив познат по својата лоша репутација.

Според српските медиуми, во населбата каде е пронајден лешот на Милан,најчесто се собирале луѓе склони кон пороци. Туристи никогаш не доаѓале овде, а и локалците го избегнувале местото.

Лаќа билв во Израел во посета на близок пријател, и планирал да остане даму до Св. Никола. Според изјавата на пријателот, деновите им биле исполнети со дружби и прошетки а во Израел се сретнале и со други пријатели. Но, неколку дена по престојот исполнет со убави дружби и активности, Милан одеднаш го променил расположението и како да паднал во депресија.

Се присети на својата покојна мајка Марина и покојниот брат Милош и на некои тешки приказни. Потоа се расплакал. Му рекол на пријателот дека сака да биде сам, па го напуштил сместувањето каде што престојувале навечер и рекол дека ќе се јави подоцна.

Лаќа го исклучил својот телефон со израелски број и оттогаш станал недостапен. Откако по два дена не успеал да го добие, пријателот го пријавил како исчезнат.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------