Home ЗАБАВА Секојдневие Тажната животна приказна на младата Персида…

Тажната животна приказна на младата Персида…

SHARE

Во центарот на Скопје, во вистински хорор услови живее 21 годишната Персида Бочова. Нејзината тажна сторија ја раскажа весникот Нова Македонија.

Живее во импровизирана, мизерна и трошна куќичка и животот го дели со бездомните кучиња и мачки. Со животните го дели и лебот за кој успева да собере пари преку просење.

Социјалната помош не ги покрива ниту основните потреби за живот, така што е приморана да питачи.

Таа раскажува дека пред да почне да живее во трошната соба, била сместена во еден од скопските домови за деца без родители, а претходно живеела со нејзиниот татко, кој на секој начин се изживувал врз неа. Објаснува дека во домот била сместена до 17 и пол години, но потоа одлучила да избега, затоа што животот во домот ѝ бил вистински хорор.

– Изборот беше или да почнам да земам дрога и да си го продавам телото за пари, или да избегам оттаму. Мојот избор е очигледен. Долго време се плашев да зборувам за ова, но повеќе не можам да издржам и одлучив да си ги барам моите права, раскажува Персида.

Вели дека од суровите услови во кои досега живеела има навлечено десетици болести, кои најчесто се јавуваат кај постари луѓе.

– Имам ревма и попуштен мочен меур. Некогаш морам да носам пелени, затоа што не можам да се воздржам. Немам каде да се бањам, а ни каде да одам во тоалет – вели таа за Нова Македонија.

Во моментов најголема помош Персида добива од Здружението ,,Спас за животните,, кои се запознале со неа кога слушнале дека бездомна девојка вдомува бездомни кученца и дека со нив ги дели остатоците од околните кафеани.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека се запознаени со случајот на Персида и дека се обидуваат да го решат нејзиниот проблем.

Овие фотографии не се од некој филм – ова е реалноста на Персида.

Живее во импровизиран дом со 3 ѕида бидејќи четвртиот паднал, без струја, без вода, без храна, без основни услови за хигиена.

Ни ова не е нејзин дом – тука е благодарение на нечија добрина. Сака да работи но никој не ја вработува.

– Кога немаш што да облечеш и кога немаш каде да се избањаш ретко кој би те вработил.

Затоа ве замолуваме вас добри луѓе, кој е во можост да помогне ова заборавена душа да ја преживее зимава, да се стопли, облече и најаде нека нè контактира на 071/381-831 или 078 523-176, стои во апелот за помош.

Отворена е и фејсбук страница каде ги има овие фотографии од домот на Персида. Премногу се срами од својата судбина за да се слика и таа.

Не бара многу, не и треба многу – доколку имате донесете облека (спакувана), храна , козметика , мала рингла , маса – биро, столици , ќебиња , постелнина, приоритетно е да се најде сместување за неа (со греење и тоалет-бања) за еден до два месеца на повикот за помош пишува дека веќе се потрудиле да и најдат работа – велат дека успеале. Дај боже.

Облеката и другите предмети може да се однесат во седиштето на Н.К.Т Хуманитарни акции во Македонија секој ден од 18 до 20 часот (Н. Аеродром – до Мајчин дом) за Персида.

Еве неколку работи подредени по приоритет како би можеле да помогнете:

Додека вие денес се радувате на новиот телефон, таа се радува на сувата корка леб во контејнер, но и покрај сета немаштија го дели со неколку маченца и кученце.

Таа безрезервно помага на бездомните бидејќи сочувстува со нив… ја делат истата приказна – улицата.

Од нас малку за некого многу – отворете го срцето оваа девојка ни е сосед – живо суштество кое вака живее во 21 век среде СКОПЈЕ.

Извор: mkd-news.com/press24

Фото: Нова Македонија, Фејсбук

РЕКЛАМИ:
Loading...