Home КУЛТУРА Настани Театар Комедија премиерно ќе ја изведе „Господарот на кукавицата“

Театар Комедија премиерно ќе ја изведе „Господарот на кукавицата“

SHARE

„Театар Комедија“ вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Господарот на кукавицата“ по текст на Венко Андоновски и режија на Андреј Цветановски, во која игра целиот ансамбл на овој театар.

Ова е петта праизведба на домашна комедија во четиригодишното постоење на „Театар Комедија“ и втора соработка со писателот Андоновски.

Претставата не е класична комедија во која целта е смеата, туку има елементи на драма на апсурдот. Говори за глобализацијата и за она што таа како закана го покажува кон идентитетит на малите култури.

Галичник и Скопје се местата во кои се одвива дејството и борбата меѓу традицијата и глобализацијата.

Сценографијата е на Милан Несторов и Сергеј Светозарев, костимограф е Александар Ношпал, а музиката е на Оливер Јосифовски од „Љубојна“.