Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Тепачка во реално шоу: Ѕвездата на серијата „Ало, ало“ заврши во болница

Тепачка во реално шоу: Ѕвездата на серијата „Ало, ало“ заврши во болница

SHARE

Актерката Вики Мишел е хоспитализирана откако беше повредена во тепачка во британската верзија на „Големиот брат“.

Ѕвездата на серијата „Ало, ало“ настрадала ни крива ни должна затоа што дошло до кавга меѓу старлетата Фара Абрахам и Ешлин Хорган-Валас.

Продукцијата решила да ја прекине програмата, но според зборовите на неименувани извори, Ешлин ја гаѓала Фара со чаша шампањ, а Фара и возвратила, но наместо Ешлин, ја погодила Вики во главата.

Инцидентот моментално го испитува полицијата, а актерката, најпозната по улогата на келнерката Ивет во хит серијата, сеуште размислува дали да поднесе тужба против американската риалити ѕвезда.

вики мишел

– Шокирана сум. Ако гледав во друг правец, ќе ме погодеше во лице и можев да ослепам, им рекла Вики на медиумите.

– Ме погоди со дното од чашата во тилот и стаклото ми се скрши во коса. Беше како во вестерн филмовите. Не можам да верувам дека тоа се случи на национална телевизија.

Таа раскажала дека манекенката Џенис Дикинсон успеала да спречи уште поголема катастрофа „така што фрлила столица и ја спречила Фара во намерата да продолжи да фрла чаши“.

Вики после тепачката била пренесена во болница, а и понатаму ги чуствува последиците.

– Не се чуствувам добро, имам вртоглавица. Закажав уште еден преглед за да утврдам дека се е во ред, изјавила таа.

вики мишел

РЕКЛАМИ:
Loading...