Home СПОРТ Ракомет Титулата ќе се решава во Кале – Вардар ПРО се избори за...

Титулата ќе се решава во Кале – Вардар ПРО се избори за големо реми во Автокоманда!

SHARE

На дерби-натпреварот во салата „Автокоманда“, екипата на Вардар ПРО се избори за големо реми против главниот конкурент за титулата во Македонија, РК Металург (25:25).

Крајниот исход на натпреварот во салата Автокоманда беше сосема реален, гледајќи на фактот дека резултатот беше изедначен во поголемиот дел од натпреварот.

По првиот изедначен дел (13:13), во средината на вториот дел, екипата на РК Металург успеја да обезбеди предност од +2 (најпрво, 19:17 а потоа 23:21), но во продолжението од средбата, на седум минути пред крајот со серија од 2:0 „црвено-црните“ преку Рајковиќ и Недановски успејаа повторно ја вратат неизвесноста и да го изедначат резултатот на 23:23.

Пред самиот крај на средбата и двете екипи имаа шанса да поведат, но благодарение на голманот на Вардар, Страхиња Милиќ кој блескаше помеѓу стативите и техничките грешки во нападите на „црвено-црните“ но и неколкуте одбрани на голманот на „металурзите“ Никола Митревски, резултатот беше изедначен се до 29. минута, кога се случи и вистинска ракометна драма.

Најпрво, Мојсовски погоди за 25:24 на минута пред крајот, но веќе во наредниот напад, следеше брз гол на Рајковиќ за ново изедначување (25:25) и последна шанса за Металург да дојде до победа во последните 30-тина секунди од средбата. Но во последниот напад при шутот на Мојсовски, најдобриот голман на завршниот турнир во СЕХА лигата, Страхиња Милиќ, одлично интервенираше и обезбеди големо реми за екипата на „црвено-црните“ на тешкото гостување во Автокоманда, гледајќи на тоа дека немаа никаква подршка од страна на трибините.

Во редовите на Металург, Наумче Мојсовски со десет погодоци беше најпрецизен на средбата, додека кај Вардар ПРО, Карачиќ постигна седум.

Ова е одличен резултат за екипата на Вардар ПРО, која што со ова реми го анулираше она реми во Струмица против Зомимак-М и направи титулата да се решава на крајот од првенството, кога РК Металург најверојатно на 1-ви јуни, доколку нема презакажувања гостува во СРЦ „Кале“.

Во соработка со: sportclub.mk

РЕКЛАМИ:
Loading...