Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Том Хенкс не знае дека Словачка е држава

Том Хенкс не знае дека Словачка е држава

SHARE

Холивудската ѕвезда Том Хенкс, ги разочара Словаците откако во една куса изјава покажа дека не знае оти Словачка е држава, јави дописникот на МИА од Прага.

Гафот по географија на Хенкс, се случи откако по театарска претстава на Бродвеј во Њујорк, тој раздаваше автограми и словачки новинар му викна „Словачка, Ве сака“.

Хенкс прво направи гримаса, а потоа одговори: „О, јас сум луд по Словачка, што и да значи тоа”, што не говори во прилог на неговите познавања од географија.

РЕКЛАМИ:
Loading...