Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Траволта сакал да се венча со дечкото-скиентолозите не му дозволиле?!

Траволта сакал да се венча со дечкото-скиентолозите не му дозволиле?!

SHARE

Книгата на Лоренс Рајт, новинар и добитник на Пулицер, веќе дигна многу прашина во Холивуд и пред да биде објавена.

Имено, Рајт пишуваше за тоа како Том Круз не е само филмска ѕвзда туку и прв човек до главниот на Скиентолошката Црква која брои околу осум милиони следбеници во дел од светот.

А, токму тој водач на Црквата, Давид Мискавиџ му помогна на Том да најде девојка, па така актерот заврши со Кејти Холмс.

Книгата „Going Clear: Scientology, Hollywood, and the Prison of Belief“ која беше објавена оваа недела, само продолжи да дига прашина.

Овој пат на мета на медиумите се најде Џон Траволта затоа што во книгата пишува дека славниот холивудски актер во текот на 80-тите сакал да ја напушти Скиентолошката црква за да се венча со маж.

Водачите на црквата сакале да го „излечат“ од хомосексуалноста, но тој им замерил. Но, најпосле се смириле, тој ги послушал и се оженил со Кели Престон.

Ова не е прв пат во медиумите да се појават натписи за геј авантурите на Траволта. Тој секој пат ги демантираше пишувањата.

Во текот на минатата година во медиумите се појавија и приказни од масери кои тврдеа дека имале романтична врска со Траволта, од осумдесетите години до денеска, но, како и секој пат, случајот  заврши со судска парница поради која тие луѓе повеќе не сакале да се појавуваат во медиумите.

РЕКЛАМИ:
Loading...