Home ЗАБАВА Занимливости Трудници, погледнете како цигарите влијаат на бебето во вашиот стомак (фото)

Трудници, погледнете како цигарите влијаат на бебето во вашиот стомак (фото)

SHARE

Ако ви се потребни уште докази дека за време на бременоста треба да ги баталите цигарите, погледнете ја оваа снимка од ултразвук која прикажува како бебето се однесува кога мајката ќе повлече дим.

Професорката Нада Рајсланд од британскиот Универзитет „Durham“ направила фантастични 4D ултразвучни снимки кои ја покажуваат разликата во однесувањето на бебето чија мајка пуши (на фотографијата горе) и однесувањето на бебето чија мајка не пуши (на фотографијата долу).

Како што покажал ултразвукот на дваесетина мајки, во 24, 28, 32 и 36-та недела од бременоста, бебето на трудница пушач често се допира по лицето и устата, а тоа го прави затоа што цигарите го успоруваат развојот на нервниот систем кај неродено дете.

(кликнете на фотографијата за да ја зголемите)

Бебе

Бебето на мајка непушач не се допираат толку, затоа што со време добиваат се поголема контрола над движењата, односно побрзо се развиваат.

– Потребни се понатамошни истражувања за да се утврди јасната врска меѓу стресот и пушењето во бременоста. Меѓутоа, се надеваме дека овие снимки кај мајките би требало да поттикнат да се откажат до цигарите додека се бремени, истакнала авторката на студијата, докротка Рајсланд.

РЕКЛАМИ:
Loading...