Home INFO Цеца Ражњатовиќ, Здравко Чолиќ… Овие српски ѕвезди поминале барем еден ден во...

Цеца Ражњатовиќ, Здравко Чолиќ… Овие српски ѕвезди поминале барем еден ден во затвор

реклама:ХитКујна канал

Голем дел од пејачите и пејачките од српската естрада доживеале барем една ноќ да бидат во затвор, а причините се различни.

Неверојатно, но нивната популарност по затворското искуство порасна преку ноќ.

Многумина од нив признаваат и дека деновите зад решетки многу тешко ги поднеле.

Аца Лукас

Фолк пејачот Александар Вуксановиќ, познат како Аца Лукас, беше уапсен пред шест години во акцијата „Сабја“ и осуден на четири месеци затвор поради неовластено поседување на пиштол.

Цеца Ражњатовиќ

Со истата акција беше погодена и Цеца Ражњатовиќ, која исто така неколку месеци помина во затвор. Најпрво поради смомнеж дека контактирала со членовите на „земунскиот клан“, а потоа и за непријавен арсенал на оружје и сомнителни работи поврзани со препродавање на фудбалери.

„Се сеќавам дека никогаш немав видено толку големи бубашваби. Условите за живот во таа дупка беа пеколни“, изјавила Цеца во едно интервју по излегувањето од затвор.

Џеј Рамадановски

Поради прекумерна количина на алкохол во крвта и возење во пијана состојба, зад решетки се нашол и Џеј Рамадановски. За среќа, популарниот пејач „згрешил“ во Шведска, а тамошните затвори се повеќе комфорни и од некои хотели.

„Поминав шест и пол години во дом, па не ми беше тешко да се навикнам на „скандинавските“ услови. Во затворот имавме тератана, сауна, џакузи и солариум, па некако можеше да се живее“, изјавил фолкерот по одлежаната казна.

Здравко Чолиќ
Кон средината на 80-те, во екот на најголемата слава, Здравко Чолиќ беше уапсен на аеродромот во Охрид, кога во џепот му биле најдени голема сума на девизи.

Бора Чорба

И фронтменот на „Рибља чорба“ бил седум дена во истражен затвор како средношколец, затоа што со пријателите влегувал во становите на богатите и со украдените пари купувал инструменти.

Жељко Самарџиќ

Овој пејач раскажал дека за време на неговото прво патување во Америка завршил во затвор.

„Те фаќаат за врат, те вртат кон ѕидот и те претресуваат. Многу понижувачко! Како да сме криминалци. Ни ставија лисици“, го раскажал Самарџиќ чинот на апсењето.

Бобан Рајовиќ

Фолкерот во едно ток шоу призна дека не еднаш, туку два пати бил во затвор во странство. Рајовиќ рекол дека како помлад сакал да се расправа со полицијата, а особено ако направи сообраќаен прекршок за кој смета дека не постоел.

Меѓутоа, на него седењето во затвор не му паднало тешко, со оглед на тоа што се работело за модерен затвор од отворен тип.

Дуња Илиќ

Дуња Илиќ на почетокот на октомври 2013 година, 24 часа била задржена во полициска станица затоа што предизвикала сообраќајна несреќа. Таа возела со повеќе од 2,20 промили алкохол во крвта и пијана удрила во паркирано возило.

Ана Николиќ

Ана Николиќ поминала една ноќ во полициска станица во Раковица, каде имала кавга со полицијата. Кога ја застанале полицајци таа едвај гледала затоа што и биле измерени 2,03 промили алкохол во крвта. После тоа, таа и нејзиниот брат биле задржани на трезнење. Пејачката, како што пишува српски Курир, од тоа направила општ хаос.

РЕКЛАМИ:„ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“