Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Тужба од Чарли Шин за стриптиз клуб!

Тужба од Чарли Шин за стриптиз клуб!

SHARE

Чарли Шин тужи еден стриптиз клуб затоа што по него ја нарекле ВИП собата. Шин смета дека тоа би можело да ја загрози неговата репутација.

Поранешната ѕвезда на „Два ипол мажи“ бара од стриптиз клубот „Cheetahs“ да престане да го „злоупотребува“ неговото име.

Овој клуб по Шин нарече соба во која посетителите можат да јадат суши од телото на танчерките.

Престојот во таа соба, која инаку е обложена со фотографии од познатиот актер чини 250 долари.

Оваа соба клубот ја отвори минатата година, по скандалот кога Шин тврдеше дека пие „крв од тигар“ за да може да задоволи две жени.

Шин се закани дека стриптиз клубот ќе мора да плати милиони доколку не го тргнат неговото име.

– Не гледам како суши може да ја наруши репутацијата на Чарли Шин. Мислевме дека на тој начин ние ќе ја поправиме сликата за него. Го тргнавме неговото име, и така не ни носеше некоја работа, изјавил еден од сопствениците на клубот.

РЕКЛАМИ: ---