Home ЗАБАВА Занимливости Убиена последната дива мечка во Швајцарија

Убиена последната дива мечка во Швајцарија

SHARE

Последната дива мечка во Швајцарија, означена како М13, е убиена во вторникот во раните утрински часови, откако е утврдено дека е невозможно да се држи подалеку од населените места.

– Минатата есен, а и сега, откако се разбуди од зимскиот сон, мечката шетала по селата во потрага за храна. Исто така, ги следела и луѓето во текот на денот. Сите обиди да ја уплашат и избркаат пропаднале. Таа едноставно не се плашеше од луѓето. Поради тое е порценето дека мечката претставува ризи за безбедност на луѓето. Стана очигледно дека ќе мора да ја убиеме, соопшти Управата за чување на околината во Швајцарија.

М13 од зимскиот сон се разбудила пред десет дена. Во текот на минатиот викенд следела две лица од едно село во кантонот Граубунден на југоисточниот дел на земјата, а потоа шетала низ улиците по селото.

– Бевме запрепастени кога видовме дека пред нашиот автомобил стои огромна мечка, рече еден од жителите од селото.

Во текот на последните три години мечката шеташе меѓу Швајцарија, Австрија и Италија, но кон крајот на 2012 година се „здоми“ на подрачјето Вал Поскијаво во Швајцарија. Во октомври минатата година мечката влезе во неколку населени места, а во ноември дури и провали во неколку куќи.
Локалните официјални лица повеќепати се обидувале да ја избркаат мечката со користење на гумени куршуми и други мерки.

Некои од локалните жители бараа мечката да биде префрлена во некој од националните паркови, но властите сепак решија да ја убијат.

– Одлуката да се убие мечката беше преуранета. Ќе беше многу подобро ако се обидеа со уште некои мерки, изјави експертот за мечки Јохана Шонеберегер.

РЕКЛАМИ:
Loading...