Бурак Овџивит дефинитивно важи за најсексипилниот турски фраер, кој македонската јавност го запозна во улогата на Бали Бег во „Величествениот“.
Но, освен по убавиот изглед, актерот може да се пофали и со исклучително убав дом, кој го декорирал по негов вкус.
Судејќи по фотографиите кои Бурак ги споделува на социјалните мрежи, тој сака класика и кожен мебел со многу светло и големи прозори.
Во големата вила доминираат природни бои и материјали, најмногу дрво, а посебен дел зазема и каминот кој му е омилено место во ладните денови.
Ѕирнете го и погледот од неговиот дом.