Home ЗАБАВА Занимливости Украсен со 30.000 светилки: Погледнете го Божиќниот трамвај во Будимпешта

Украсен со 30.000 светилки: Погледнете го Божиќниот трамвај во Будимпешта

SHARE

Со влегувањето во последниот месец од оваа 2013 година, полека почнуваме да ги одбројуваме деновите до почетокот на Новата Година.

Почетокот на еден од најмагичните месеци во годината ни носи и многу убави божиќни и новогодишни глетки од разни краишта во светот.

Низ улиците на Будимпешта, магичната традиција на украсување на трамвај започнала уште во 2009 година.

Од тогаш оваа традиција важи за една од наомилените туристички атракции на сите оние кои свратуваат во Будимпешта во овој период од годината.

Пред 3 години во употреба бил пуштен само еден трамвај, но годинава поради преголемиот интерес 3 трамваи ќе бидат украсени со над 30.000 светилки.

Ова божиќно и новогодишно доживување секоја година трае од 9 декември до 6 јануари.

Божиќните трамваи движат попладне после 16:30 часот.

Сите регуларни билети важат и за овие линии, па доколку решите да ја посетите Будимпешта оваа сезона, не заборавајте да ги пронајдете божиќните линии.

РЕКЛАМИ:
Loading...