Home ЗАБАВА Луд Свет Умрела од глад, се „хранела“ само од Сонцето

Умрела од глад, се „хранела“ само од Сонцето

SHARE

Една жена од Швајцарија била пронајдена мртва откако се обидела да живее само на сончевата светлост.

Таа умрела од глад, затоа што ја држела духовната диета која бара да се воздржите од храна и пијалоци, а според која организмот се храни од сончевата светлост.

Жената, која од медиумите била именувана со лажното име Ана Гат, кобната инспирација ја пронашла во документарецот „На почетокот беше светлост“, од 2010 година.

Во филмот, двајца мажи тврдат дека може да се преживее исклучиво од светлост.

[pullquote_right]Умрела од глад држејќи ја духовната диета која бара да се воздржите од храна и пијалоци, а според која организмот се храни од сончевата светлост[/pullquote_right]

Главните „актери“ се швајцарецот Мајкл Вернер (62), кој рекол дека така живее од 2001 година и индиецот Прахлад Јани (83) кој тврди дека овој вид на „исхрана“ го практикува веќе 70 години и тоа не само без храна, туку и без вода.

Канцеларијата на обвинителот во швајцарскиот Аргау потврди дека починала жена од глад во градот Волфхалден во источна Швајцарија, како и дека истрага за овој случај не е отворена.

Биопсијата потврдила дека жената починала од изгладнување. Исклучена била секоја друга можна причина за смрт.

Случаите со самоизгладнување познати како „соларна јога“ не се ретки.

Таксистот Иван Стојчев од Бугарија тврди дека повеќе од 2 години живее само од гледање во сонцето, без храна и вода.

РЕКЛАМИ:
Loading...