Home СПОРТ Останато Урнат рекордот на Исинбаева во сала

Урнат рекордот на Исинбаева во сала

SHARE

Американката Џенифер Сур го урна светскиот рекорд во скок со стап во сала, кој досега го држеше руската атлетичарка Јелена Исинбаева.

На државното првенство во САД во сала, Сур постигна резултат 5.02 метри што е за еден сантиметар подобар резултат од стариот рекорд.

Откако го постигна новиот светски рекорд, американската атлетичарка се обиде да прескокне и 5.07 метри, но трите обида и беа безуспешни.

Светскиот рекорд на отворено изнесува 5.06. Тој припаѓа на Исинбаева.

РЕКЛАМИ:
Loading...