Home СПОРТ Фудбал Успешено деби за Бекам во ПСЖ

Успешено деби за Бекам во ПСЖ

SHARE

Дејвид Бекам имаше успешен почеток во својот нов клуб Пари Сен-Жермен, откако синоќа на дербито против Олимпик Марсеј победи со 2:0.

Бекам ги одигра последните 15 минути од натпреварот, а учествуваше во акцијата при постигнувањето на вториот гол за домаќините.

Новите три бодови му донесоа предност на ПСЖ на врвот на табелата пред Олимпик Лион, а уште повеќе ја зголемија бодовната разлика во однос на синоќешниот противник Олимпик Марсеј.

Со овој натпревер се комплетира 26.коло во кое беа постигнати следниве резултати: Ница – Ремс 2:0, Рен – Сошо 2:2, Валенсиен – Тулуз 0:0, Троа – Бастија 0:0, Ајачио – Лил 1:3, Нанси – Сент Етиен 0:3, Евиан – Монпеље 0:1, Олимпик Лион – Лориен 3:1, Бордо – Брест 0:2 и ПСЖ – Олимпик Марсеј 2:0.

Табела: ПСЖ 54 бодови, Олимпик Лион 51, Олимпик Марсеј 46, Ница 45, Сент Етиен 44, Монпеље 41, Рен 41.

Последните три дуели од оваа рунда во Француското фудбалско првенство се играат утре. Двојките се Олимпик Лион – Лориен, Бордо – Брест и ПСЖ – Олимпик Марсеј.

РЕКЛАМИ:
Loading...