Home СПОРТ Ракомет Вардар му се реваншираше на Металург: Црвено-црните го освоија Купот на Македонија

Вардар му се реваншираше на Металург: Црвено-црните го освоија Купот на Македонија

SHARE

Екипата на Вардар го освои ракометниот Куп на Македонија.

Црвено-црните го совладаа лутиот ривал Металург во финалниот натпревар кој се одигра во Охрид и на тој начин се реваншираа за загубената титула во првенството.

Вардар со 30:28 го совлада Металург и го симна досегашниот владетел од тронот.

Во драматичен натпревар и неизвесна завршница, Вардарци беа поконцентирани во самиот финиш и на тој начин успеаја да ја завршат оваа сезона со трофеј.

По почетното водство на Металург од 2:0, Вардар експресно се врати во натпреварот и го израмни резултатот, но Металург повторно дојде во водство со два нови погодоци.

Натпреварот го одбележаа „мини-сериите“ со погодоци на двете страни, па така со нови три погодоци, Вардар го врати водството.

Вардарци ја одржуваа предноста, но и постепено ја зголемуваа и на тој начин на полувремето заминаа со предност од 14:11.

Во вториот дел, Митревски застана на голот, но ниту тоа не му помогна на Металург, а Душебајев продолжи со фантасичната игра од првиот дел, водејќи го Вардар на плус 5, за прв пат на натпреварот. Но одново со мини серија, Металург го намали водството на Црвено-црните. Следуваше поефикасна игра во нападот на „металурзите“, проработеја Вугринец и Миркуловски и ја вратија неизвесноста на натпреварот. Металург намали на 20:18.

Металург заигра подобро во одбраната, а Вардар неможеше да го најде патот до голот на Митревски. Повторно следуваше мини-серија на Металург за израмнување на резултатот и враќање на неизвесноста во натпреварот. Нервозата беше забележителна, па следуваа неколку исклучувања на двете страни. Од сето тоа профитираа Вардарци, кој по којзнае кој пат на натпреварот, со нова серија погодоци, ја вратија позитивата во своја полза. Металург повторно намали предноста на Вардар на само еден гол разлика.

Вардар повторно ја зголемуваше предноста, Металург возвраќаше и им стави до знаење на Вардарци дека нема туку така да се откажат од трофејот во Куп-натпреварувањето. Митревски беше одличен на голот, а тоа беше причина за ново израмнување на натпреварот и нервоза кај Црвено-црните.

Сепак, Дибиров погоди за водство, на спротивната страна Димовски направи пробивање, а Чипурин искористи за гол и 29:27 за Вардар на неколку минути до крајот. Миркуловски изнуди пенал и гол за Металург, по што екипата од Автокоманда заигра зонска одбрана на цел терен, а Дибиров ги искористи тоа за да стави точка на натпреварот а дваесетина секунди до крајот и конечни 30:28.

Вардарци го освоија вториот трофеј оваа сезона, по оној во СЕХА лигата.

Матјаж Брумен беше прогласен за најдобар стрелец на турнирот, Петар Ангелов беше избран за најдобар голман, додека Душебајев го понесе признанието за најдобар играч на финалниот натпревар.

Повеќе спорт на sportclub.mk

РЕКЛАМИ:
Loading...