Home КУЛТУРА Театар „Важно е да се викаш Ернест“ премиерно во Театар Комедија

„Важно е да се викаш Ернест“ премиерно во Театар Комедија

SHARE

Претставата „Важно е да се викаш Ернест“ од Оскар Вајлд, во режија на Ирена Стеријовска, премиерно ќе биде изведена вечер во Театар Комедија-Скопје.

„Важно е да се викаш Ернест“ е прва од трите премиери, во оваа трета сезона од постоењето на театарот.

Станува збор за приказна за љубовта во која на духовит и ведро сатиричен начин остро се критикуваат и измејуваат некои од општествените болести. „Важно е да се викаш Ернест“ е една безвременска бајка во која љубовта ги победува сите пречки.

Во претставата играат Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино, Жарко Димоски, Илија Илиоски, Зорица Нушева, Нина Деан, Кристина Ласовска и Тања Мицков. Костимограф е Ана Кркулевска, а сценографијата е на Стефан Спировски.

МИА

РЕКЛАМИ:
Loading...