Home КУЛТУРА Настани Вечер на ЕУ на „Охридско лето“

Вечер на ЕУ на „Охридско лето“

SHARE

Музичката програма на годинашното издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на „Baltic Guitar Quartet“, во рамки на т.н. „Вечер на Европската унија“ што секоја година веќе традиционално по седми пат се одржува на нашата најголема музичко-сценска манифестација.

„Baltic Guitar Quartet“ е водечки ансамбл на гитари во Балтичките земји, а членовите на квартетот се победници на различни натпревари и активни солисти.

Ова им е првпат да настапуваат во Македонија.

„Baltic Guitar Quartet“ е формиран во 2004 година, а во сегашниот состав квартетот функционира од 2008 година кога белгискиот изведувач Крис Рубенс им се придружи на Зигмас Чепуленас, Сергеј Криницин и Саулиус С. Липчиус.

Концертот на познатиот и атрактивен квартет на гитари во црквата „Света Софија“ почнува од 21 часот.

На програмата се познати и атрактивни дела на Бокерини, Рукс, Рубенс, Пјацола, Брамс, „Metallica“.

РЕКЛАМИ:
Loading...