Home КУЛТУРА Настани Вечерва на „Охридско лето“

Вечерва на „Охридско лето“

SHARE

Годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со музичката програма, со вечерашниот концерт на флејтистот Страшо Темков, во пијано придружба на пијанистка Наташа Вршкова.

Страшо Темков е еден од најуспешните македонски музички уметници од својата генерација.

Подолг период е прв флејтист во Македонската филхармонија, а остварува и бројни солистички и камерни настапи на концертните подиуми со оркестри, со рецитални програми, како учесник на реномираниот Македонски дувачки квинтет и други камерни состави.

Марија Вршкова се вбројува меѓу најактивните и сестрани македонски музички уметници од помладата генерација – како солист, камерен музичар, пијано соработник кој настапува со врвни македонски и светски уметници на концертните и фестивалските подиуми во повеќе европски земји и САД.

Целовечерниот концерт на Темков и Вршкова ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот. На програмата се дела на Дворжак, Хју, Поп, Рутер.

РЕКЛАМИ:
Loading...