Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Веста за ненадејната смрт ја „скрши“ девојката на Пол Вокер

Веста за ненадејната смрт ја „скрши“ девојката на Пол Вокер

SHARE

Џасмин Пликард – Госнел беше во љубовна врска со Пол Вокер од 2006-та година.

На актерот и 23-годишната  Џасмин не им пречеше 17-годишната разлика иако нивната врска беше турбулентна.

„Ова се ужасни и неочекувани вести. Нејзината мајка е со неа“, изјавија нејзините роднини.

Студентката од Санта Барбара наводно требаше да стане маќеа на ќерката на Пол, иако е само 9 години постара од неа.

Присуството на Џасмин во животот на актерот е една од причините поради која неговата ќерка оваа година се пресели да живее со него.

„Кога бев мала тој ме научи да одам, ме научи да се смеам, ме научи никогаш да не се откажувам. Го сакав и пред да знам што значи љубов. Тој беше мојот херој. Мојот вистински животен херој! Засекогаш ќе биде во моето срце! Очите ми се полни со солзи додека ова го пишувам. Си замина, но не си заборавен. Почивај во мир тато!’, напишала Медоу.

Во меѓувреме фејсбук профилот на Медоу беше затворен.

Популарниот актер трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.

РЕКЛАМИ:
Loading...