Home INFO Ви се верува ли? Ова и се може единствено на кралицата Елизабета

Ви се верува ли? Ова и се може единствено на кралицата Елизабета

реклама:hotel PREMIER

Британската кралица Елизабета Втора има титула која носи многу привилегии.

Имено таа е владетел на Велика Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд и уште 12 кралски земји од Комонвелтот.

Една од привилегиите е тоа што кралицата може да патува во странство без патнички документи.

Се работи за привилегија што исклучиво ја има кралицата Елизабета Втора, која не важи за другите членови на британското кралското семејство.

Освен во земјите со кои владее, кралицата може да патува без пасош низ целиот свет, а ќе биде запаметена во историјата како британски монарх кој посетил најмногу земји во светот – 116.

Исто така, треба да се напомене дека сите британски пасоши се издаваат од име на кралицата.

Кога станува збор за привилегии, кралицата исто така има имунитет за кривични гонења, има право да ѝ објави војна на која било земја, има право да вози без возачка дозвола… како и многу други права и предност.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------