Home INFO Ви влијае ли времето на здравјето? Еве што се случува!

Ви влијае ли времето на здравјето? Еве што се случува!

SHARE

Секогаш кога се менува времето, во атмосферата се создаваат електромагнетни импулси кои делуваат врз организмот и потикнуваат негова реакција и прилагодување. На тој начин, времето, а особено ненадејните временски промени, екстремно ниските или високи температури, притисокот на воздухот, влажноста и други метеоролошки елементи го оптеретуваат организмот.

Реакцијата која следи е различна, некои луѓе се помалку или повеќе чувствителни на промените, некои не ги чувствуваат проблемите, одредени луѓе имаат понагласени реакции кон овие промени. Тука треба да се напомене дека покрај климатските услови и индивидуалната чувствителнот, промените кои се јавуваат и во зависност од начинот на живот и секојдневните навики кои значително придонесуваат за појава на проблемите.

Болести поврзани со времето

Зголемената чувствителност на временските промени вообичаено се јавува кај луѓето кои страдаат од следниве здравствени проблеми

-Психосоматски (депресија, анксиозност, замор, недостаток на концентрација, нервоза и сл.)

-Кадиоваскуларни

-Алергиски

-Ревматски

-Респираторни

-Хронични

Особено чувствителна категорија на луѓе, претставуваат хронично болните, кои страдаат од заболувања на срцето, висок крвен притисок, проблеми со дишните патишта, асма, артритис и др. Болките кои вообичаено се јавуваат во долниот дел на грбот кај луѓето кои страдаат од артритис, реума, како и болки во мускулите постои можност да се поврзани токму со промената на временските услови. Луѓето кои страдаат од овие непријатности се убедени дека токму студеното и влажно време придонесува да се чувствуваат полошо. Тие тврдат дека се способни да го предвидат времето врз основа на нивните симптоми.

Промената на атмосферскиот притисок може да предизвика моментална промена на крвниот притисок на човечкото тело, иритација на нервните завршетоци и да доведе до засилено чувство на болка.

Симптомите се менуваат од човек до човек, и нивниот интензитет во основа се зголемува кај повозрасните и оние луѓе со заслабнат организам поради појавата на некоја болест. Понекогаш, симптомите можат да бидат прикриени или да бидат поизразени, што може да биде резултат на основната болест која нема никаква поврзаност со промената на временските услови.

Пациентите кои имале срцев удар се повеќе чувствителни на времето од оние лица кои никогаш не доживеале срцев удар. Кај нив чувствителноста понекогаш трае и неколку години по заболувањето. Научниците се обидуваат да утврдат кои временски услови најмногу влијаат врз оваа категорија на пациенти. Тие не се доволно сигурни дека чувствителноста е резултат на срцевиот удар или е претходник на идни можни проблеми.

Реакција на луѓето и временските промени

Со промената на временските услови, нашето тело почнува да се адаптира на новонастанатите атмосферски услови, што резултира со промена на метеоролошките елементи. Така на пример, поради промената на надворешниот атмосферски притисок кај луѓето се јавува рекација во крвните садови, така што, тие се спремат да го задржат претходниот крвен притисок. Нискиот атмосферски притисок е поврзан со уште понизок крвен притисок кај луѓето кои страдаат од низок притисок (хипотензија), што доведува до замор, нервоза, поспаност. Од друга страна, пак, луѓето кои страдаат од зголемен крвен притисок (хипертензија) се чувствителни на зголемување на влажноста на воздухот, како и приближување на појасот со висок воздушен притисок.

Луѓето кои боледуваат од вегетативно-васкуларни болести (патолошки промени на крвните садови) се под влијание на сите мали атмосферски промени – амплитуди во природата.

Луѓето со хронични заболувања на нервниот, урогениталниот и имунолошкиот систем, исто така, спаѓаат во категоријата која е многу чувствителна на временските промени.

Исто така луѓето кои прерано ги чувствуваат промените на времето, како на пример наудување на снежна бура во текот на зимата, се подложни на поголемо растројство во споредба со оние кои промените ги чувствуваат речиси пред самото нивно наидување.

Стресот и здравјето

Во денешно време животот стана многу стресен. На прво место тоа доведува до слабеење на имунолошкиот систем. Оттаму, секоја мала промена на времето, може да влијае на нашата чувствителност. Порано, обично само повозрасните луѓе и луѓето со заслабнато здравје ги чувствувале промените на времето, наидување на циклон, бура и придружното невреме. Но сега дури и здравите луѓе чувствуваат непријатности. Тоа особено се однесува за луѓето кои живеат во урбаните средини, за кои се смета дека се повеќе чувствителни на ненадејни временски промени споредбено со луѓето кои живеат во помалите места и селата.

Извадок од Временските услови и здравјето – В.Спиридонов, О.Зафировски

РЕКЛАМИ: ---