Home INFO (Видео)Му требаше ли политиката? Вака Зеленски ја воодушевуваше публиката пред да стане...

(Видео)Му требаше ли политиката? Вака Зеленски ја воодушевуваше публиката пред да стане претседател

реклама:hotel PREMIER

Со започнувањето на кризата помеѓу Русија и Украина, Зеленски стана светски познат лик.

Украинскиот претседател Волдомир Зеленски во 2006 година учествувал во шоуто “Танц со ѕвездите”, а видеата овие денови се повторно актуелни.

Познато е дека Зеленски бил дел од групата комичари Квартал 95, а јавноста се потсети на неговите танцувачки способности.

Путин со години се труди да изгради имиџ на ‘super cool’ дечко, а Зеленски бил тоа отсекогаш, коментираат корисниците на социјалните мрежи.

Кој е Володимир Зеленски?

Зеленски е роден на 25 јануари 1978 година во семејство на инженерка и математичар во градот Кривој Рог во централниот украински регион Дњепропетровск.

Дипломирал право на Киевскиот национален економски универзитет, но никогаш не работел како адвокат.

За време на студентските години, Зеленски ѝ се приклучил на театарска група.

Во 1997 водел кабаре-екипа, која настапувала во популарна телевизиска емисија.

Во 2003 година тој станал претседател на компанијата Квартал 95 во Украина, специјализирана за создавање забавни медиумски содржини.

Зеленски се оженил со својата другарка од средно училиште, Олена Кијашко. Двојката има син и ќерка.

Тој стана автор, творец, режисер и презентер на проектот „Вечерниј квартал“, кој премиерно беше прикажан на државниот ТВ-канал „Интер“ во 2005 година и стана една од највисоко оценуваните емисии во Украина.

Во 2015 година на телевизија беше емитувана првата сезона од ТВ-серијата „Слуга на народот“ и веднаш стана хит. Третата сезона почнала да се емитува непосредно пред првиот круг од изборите.

Овој глумец без никакво политичко искуство во новогодишната ТВ-емисија во 2018 најави дека ќе се кандидира за функцијата претседател на државата, а потоа ја почна својата политичка кампања.

Зеленски масовно ги користеше социјалните медиуми, комуницираше директно со граѓаните за време на ТВ-емисии и кабаре-концерти, а во својата кампања користеше кратки видеоклипови, анкети и истражувања.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------