Home INFO Викторија Лоба низ солзи проговори за војната во Украина (видео)

Викторија Лоба низ солзи проговори за војната во Украина (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Македонската пејачка со руско потекло, Викторија Лоба гостуваше во утринската емисија на ТВ Телма.

Лоба говореше за проектите на кои работи во моментов, и раскажа како го проаѓа периодот на пандемија.

Пејачката откри дека дури два пати боледувала од корона вирусот, но за среќа со лесни симптоми.

При крај на разговорот, водителот Ненад Ѓорѓиевски ја спомена и актуелната ситуација со војната во Украина, тема која е чуствителна за Лоба која е родена и до својата осма година живеела во Русија.

„Јас сум со огромна желба за мир, за љубов и разбирање помеѓу сите, помеѓу народите.. Пред се сакам да кажам дека народот треба да биде соединет, не треба да не одделуваат без разлика дали се работи за различни народи и националности.. Треба да го доживееме тоа единство во нас и кога тоа ќе се случи, нема да може ниту еден политичар да не скара“, рече Лоба во емисијата и не успеа да ги сокрие емоциите па се расплака.

Целиот разговор можете да го проследите во видеото подолу.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------