Home ШОУ БИЗз Балкан Владо Георгиев претепан во Белгија

Владо Георгиев претепан во Белгија

SHARE

На Балканот одекна веста дека Владо Георгиев бил претепан во петокот пред еден клуб во Антверпен, Белгија.

Пејачот престојувал во овој град за да сними спот, а воедно и да ги одржи закажаните настапи.

За време на паузата Владо заедно со тапанарот излегол пред клубот за да запали цигара.

Во тие моменти пред него поминале неколку девојки со момчиња, а Владо, наводно на една девојка почнал да и дофрла, што довело до вербален судир и на крај и тепачка.

Во тепачката со неколку момчиња учествувал и Владо и член на неговиот бенд, а набрзо на местото стигнала полиција.

Најдебелиот крај го извлекле Георгиев и тапанарот.

Се се одиграло во раните утрински часови, а пејачот следниот ден имал договорен настап во Штутгарт кој сакал да го откаже зошто не можел да пее, но по кратко убедување од страна на менаџерот сепак одлучил да одржи настап.