Home ЗАБАВА Внимавајте што купувате: Расипано „Алпско“ млеко во маркети (фото+видео)

Внимавајте што купувате: Расипано „Алпско“ млеко во маркети (фото+видео)

SHARE

Во секојдневното пазарење ни стана практика да го проверуваме рокот на траење на производот пред да го купиме.

Едноставно се почесто се случува во големите маркети да наидеме на производ со поминат рок.

Но, и доколку го проверите, не значи дека сагата по квалитет завршила, напротив таа продолжува во вашиот дом пред да го конзумирате производот.

Очигледно рокот на траење не е доволна потврда дека производот е ок.

До нашата редакција пристигна жалба од ваков карактер.

Во скопските маркети „Жито“ било купено „Алпско млеко“ со регуларен рок на траење, односно до 04.05.2018.

Ако се направи проста математика, тоа се четири месеци до истекот на рокот.

Но, по отварање на млекото нашата читателка забележала дека тоа е сепак расипано, што покажува и јасната снимка.

Нашата редакција се обиде да стапи во контакт со компанијата која е увозник на ова млеко, но до овој момент немаме одговор и објаснување од нивна страна.

Ова е производ кој го конзумира буквално секој член од семејството, а најмногу децата.

Па дали треба да се случи нешто многу посериозно по нивното здравје, за да се превземат поголеми мерки при пласирање прехрамбени производи на пазарот.

Тукa се наметнува и прашањето до кога во Македонија ќе се пласираат производи со пониска класа на квалитет и до кога некој ќе го дозволува ова.

Додека добиеме одговор на овие прашања, внимавајте кога купувате, но и пред да конзумирате, за да ги заштитите вашите најмали.

РЕКЛАМИ: