Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Војна за 20 милиони долари: Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се тужат...

Војна за 20 милиони долари: Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се тужат за овие две луксузни недвижнини

реклама:G Natural

Емина Јаховиќ денес на суд во Истанбул ќе се соочи со бившиот сопруг, турскиот мега популарен пејач Мустафа Сандал.
Бившата брачна двојка веќе три години води правна битка за тоа кому ќе припаднат дел од заедничките недвижнини.

Како што пренесуваат српските медиуми, најголемата битка се води околку вилата на Босфор вредна 16 милиони евра и музичкото студио кое го купиле за сума од 4 милиони евра.

– Емина е бесна на Сандал затоа што сака да ја остави без ништо иако беа во брак десет години. Проблемот е тоа што Мустафа бара недвижнините да се продадат и поголемиот дел од сумата да му припадне него. Емина ангажираше неколку адвокати кои на суд ќе докажуваат дека недвижнините се стекнати во брак и не смее да ги оттуѓи без нејзина согласност. – раскажал за српски Информер добро упатен извор, додавајки дека Емина одбивала да ја напушти куќата во која живееле со синовите Јаман и Јавуз.

Вилата на Емина и Мустафа е една од најубавите во Турција. Поседува два базени, теретана, шест спални соби и прекрасен поглед кон градот. Емина настојувала овде да продолжи да живее со своите синови, додека Мустава сакал да ја продаде и да купи станови.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------