Home ЗАБАВА Патување Во Дубаи ќе се гради хотел под вода (фото+видео)

Во Дубаи ќе се гради хотел под вода (фото+видео)

SHARE

Со добра финанска подлога за човековата фантазија нема крај. Во Дубаи се подготвуваат за градење на првиот подводен хотел.

Арапските Емирати потпишале договор со швајцарската фирма Big Invest Comsult за градење на првиот подводен хотел.

Еден дел од хотелот ќе биде во облик на диск и ќе биде над водата, а остатокот под вода.

Поточно, хотелот ќе се состои од два главни дискови, еден над површината и еден под морето, а ќе бидат поврзани со три „нозе“ во кои се наоѓаат лифтови и скалила.

Подводниот дел се наоѓа на длабочина од десет метри и се состои од 21 хотелска соба поврзана со бар.

Не се откриени детали од договорот, ниту кога ќе започне изградбата.

РЕКЛАМИ:
Loading...