АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Да, добро прочитавте – крадците повеќе не одат по пари или накит, туку по… играчки!

Во Лос Анџелес група провалници упаднала во продавница и украла ретки Лабубу кукли чија вредност се проценува на десетици илјади долари.

Овие кукли се вистинска сензација меѓу колекционерите, па затоа очигледно станале нова „валута“ на црниот пазар.

Полицијата вели дека нападот бил брз и добро организиран, а сторителите исчезнале за неколку минути. Интересно е што дел од украдените кукли наводно веќе се појавиле на интернет.

Фановите се бесни, а сопственикот на продавницата шокиран – вели дека не очекувал дека ќе биде ограбен поради „слатки чудовишта“.

Лабубу можеби изгледа симпатично, но очигледно вреди колку вистинско злато!

УШТЕ НА ОВАА ТЕМА КЛИКНИ НА НАСЛОВОТ: Илјадници фалсификувани кукли Лабубу запленети во Велика Британија поради безбедносни ризици

РЕКЛАМИ: